Дома Фудбал Англија Рибери доби понуда од клуб во Премиер лигата, но не сакаше ни да ја погледне

Рибери доби понуда од клуб во Премиер лигата, но не сакаше ни да ја погледне

0
ribery

Франк Рибери после 12 години го напушта минхенски Баерн.

Раководството на германскиот клуб одлучи да не ја продолжува соработката со 36-годишниот фудбалер и тој заминува од Минхен.

Нормално, желбата за фудбал кај искусниот фудбалер е се уште присутна и нема намера да ја заврши кариерата.

Понуди има многу. Се поврзува со арапски богаташи и МЛС клубови, а конечната одлука Французинот ќе ја донесе во наредниот период.

Сепак, тешко е да се очекува францускиот фудбалер на крајот да замине надвор од Европа, бидејќи целта е поголеми предизвици, иако е на залезот од кариерата.

Па така, одлучи да одбие понуда која пристигна од англиската Премиер лига. Го посакуваше новиот премиерлигаш Шефилд Јунајтед, но тој не сакал ни да ја погледне понудата.

Сепак, прашање е дали ќе дочека понуда на некој голем клуб. Рибери не е млад и сериозно треба да размисли за прифаќање на некои богати понуди.

Рибери во изминативе 12 години во баерн освои апсолутно се. Освои 23 трофеи и има кариера на која може да биде горд. За Баерн одигра 425 натпревари и постигна 124 погодоци.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…