Скоро секое лето има бројни шпекулации за иднината на Доменико Берарди на големо се најавува негово заминување, но Берарди се уште е член на Сасуоло.
Италијанскиот репрезентативец и освојувач на Европскот опрвенство и ова лето се поврзуваше со екипи како Арсенал, Борусија Дортмунд, Милан, Јувентус…Сепак тој ќе остане верен на својот Сасуоло.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Познатиот Џанлука Ди Марцио објави дека Берарди ќе потпише нов договор со Сасуоло до 2027 година. „Десетката“ и капитенот на Сасуоло така потенцијално ќе остане на „Мапеи“ стадионот до својата 33-та година.
Берарди минатата сезона постигна 15 голови и забележа 17 асистенции на 33 натпревари во Сасуоло. Тој е дете на Сасуоло, Јувентус го откупи во 2013 година, но го врати во родниот град двегодипна позајмица за во 2015 година Сасуоло повторно да го откупи за 11 милиони евра.