Дома Фудбал Репрезентативецот на Албанија потпиша нов договор со Интер

Репрезентативецот на Албанија потпиша нов договор со Интер

Екипата на италијанскиот шампион Интер покажа дека има доверба во Кристијан Аслани со кого потпиша нов договор.

Интер и Аслани се договорија за соработка на дополнително уште една година и сега тој се обврза на верност до 2028 година.

Во редовите на Интер Аслани пристигна во 2022 година од тимот на Емполи. Прво играше на позајмица од 4.5 милиони евра за потоа да биде откупен за уште 10.

За Интер вкупно одигра 64 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе се договорил со Скот? Целта е потпис уште на 1 јануари

Според Сајмон Филипс, Челси има усна согласност со Алекс Скот за личните услови, но за јан…