Македонската ракометна репрезентација денес и гостува на Романија во реванш натпреварот од баражот за Светското првенство 2019. Избраниците на селекторот Раул Гонзлаес имаат солидна предност од осум голови и голема шанса да излезат како вкупен победник од двомечот.

Досега Македонија има шест учества на Мундијалите и пет во низа, па ова ќе биде убава можност да се продолжат настапите на големите натпреварувања.

Од друга страна Романците се без СП уште од 2011 година, а во баражот со Македонија влегоа со големи амбиции да се прекини „постот“.

Натпреварот ќе се игра во Клуж со почеток во 17 часот и 30 минути со директен пренос на Телма.


Следете го Sportski.mk и на


Состав за натпреварот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познат и десеттиот учесник во СЕХА: Лигата доби екипа од Романија!

Извршниот одбор на СЕХА Газпром лигата го реши прашањето за десеттиот учесник на регионалн…