Анте Ребиќ пред прекинот на првенството играше одлично во дресот на Милан, па италијанските медиуми пренесоа дека „росонерите“ сакаат да го откупат неговиот договор.
Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.
Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започнал преговори со Ајнтрахт, а и самиот фудбалер не крие дека е среќен во Милан.
„Конечно имав можност да одиграм неколку натпревари по ред и успеав да покажам што можам да направам. Само чекав можност да се докажам во Милано, а мечот со Удинезе беше голема шанса за мене. Да бидам искрен, секогаш верував во себе. Пиоли ми даде можност да играм неколку натпревари по ред, и се обидов да го искористам максимумот. Да се зборува за иднината е прерано сега, бидејќи она што се случува околу нас покажува дека не можете да предивидувате ништо во животот“, изјави Ребиќ.