Дома Топ вести Реал ќе инкасира 180 милиони од продажба на фудбалери

Реал ќе инкасира 180 милиони од продажба на фудбалери

Реал Мадрид поради значајниот губиток на приходи поради пандемијата ова лето најверојатно нема да носи нови засилувања, открива „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Притоа, „кралевите“ сакаат да се ослободат од некои фудбалери кои имаат високи плати. „Марка“ пренесува дека Реал од нивната продажба планира да заработи 180 милиони евра.

Хакими е веќе продаден за 45 милиони евра, а први на листата за продажба се Хамес Родригез и Герет Бејл. „Кралевите“ го ставиле Бејл на „попуст“ и се спремни да го пуштат за „само“ 25 милиони евра, бидејќи приоритет е да се ослободат од високата плата на Велшанецот.

Лука Јовиќ е третиот фудбалер, кој ќе биде продаден по очајната дебитантска сезона, иако минатото лето пристигна за 60 милиони евра.

Дани Себалјос, Оскар Родригез, Маријано Дијаз и Брахим Дијаз се исто така на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…