Дома Трансфер зона Реал спреми 70 милиони за ѕвездата на Наполи

Реал спреми 70 милиони за ѕвездата на Наполи

Карло Анчелоти сака да го засили средниот ред на Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

По заминувањето на Каземиро „кралевите“ сакаат да доведат квалитетен играч за врска, а првата желба на Анчелоти е Себастијан Лоботка од Наполи.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лоботка игра феноменална сезона во Наполи, а новинарот Санти Оуна објави дека Реал Мадрид е спремен да понуди од 70 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, мали се шансите Наполи да се раздели со својата ѕвезда на средина од сезоната, особено поради фактот што се бори за Скудетото.

Лоботка во минатото играше во Шпанија, за Селта Виго, па нема да им проблем да се адаптира во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…