Дома Топ вести Реал спреми понуда што не се одбива за Фабиан Руиз

Реал спреми понуда што не се одбива за Фабиан Руиз

Кога Наполи минатото лето од Бетис го доведе Фабиан Руиз, веројатно не можеше да претпостави каква зделка направи.

Младиот 23-годишен играч за врска од тогаш игра одлично, а поради тоа се најде на мета на Реал Мадрид и Барселона, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучил во трката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двата шпански клуба го обележаа Руиз како играч кој сакаат да го доведат во јануарскиот трансфер период, а „кралскиот клуб“ според последните информации веќе стапил во контакт со играчот.

Имено, Реал е спремен да го понуди Иско и 20 милиони евра за играчот на Наполи. По доаѓањето на Зидан, Иско не игра премногу и клубот сака да се ослободи од него во јануари.

Анчелоти имаше одлична соработка со Иско, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го пушти еден од своите најдобри фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…