Дома Топ вести Реал спреми брутален одговор: Тргнува по најдобриот играч од Премиер лигата!

Реал спреми брутален одговор: Тргнува по најдобриот играч од Премиер лигата!

Откако Барселона го комплетираше трансферот на Кутињо за 160 милиони евра, се чини дека големиот ривал Реал Мадрид веднаш ќе одговори во иста мера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот“ клуб го покираше најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите во Премиер лигата оваа сезона, Мохамед Салах.

Оваа информација ексклузивно ја пренесе новинарот на „Скај Италија“, Џанлука ди Марцио, кој прецизира дека трансферот нема да се случи во зимскиот преоден рок, туку следното лето.

Салах оваа сезона „експлодираше“ во дресот на Ливерпул, во моментов е најдобар стрелец во Премиер лигата, а Перез го гледа како нов „Галактикос“.

„Црвените“ сигурно нема да се откажат од Египќанецот за сума помала од 100 милиони евра, но Реал Мадрид нема да жали пари за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…