Реал Мадрид наводно е спремен да го испрати Лука Јовиќ во редовите на Наполи за да дојде до потписот на Фабијан Руиз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јовиќ не се наигра премногу оваа сезона во дресот на „кралевите“. Постигна само два гола на 15 настапи и се повеќе се пишува за негово заминување.
Наполи е еден од клубовите кои често се споменуваат како потенцијална дестинација, а Реал според тврдењето на Шпанците ќе се обиде да го искористи за да го доведе Фабијан Руиз. Руиз е една од главните мети на Зидан за летниот преоден рок. Тимот од Неапол е спремен да го пушти за 60 милиони евра, а Реал веројатно ќе мора да додаде и одредена сума за да дојде до потписот на Руиз.
Руиз до прекинот на сезоната беше еден од главните играчи на Наполи и во досегашниот дел од сезоната постигна два гола и запиша две асистенции.
Покрај Реал Мадрид интерес за Руиз покажа и Барселона.