Дома Фудбал Реал подготвува трансфер „бомба“: На Бернабеу пристигнува играчот кој е вистински хит оваа сезона

Реал подготвува трансфер „бомба“: На Бернабеу пристигнува играчот кој е вистински хит оваа сезона

Реал не запира на трансфер пазарот. Откако во последните години донесе голем број одлични млади играчи – Чуамени, Камавинга и Белингем, ги договори Мбапе и Ендрик за претстојното лето, сега подготвува бомба за летото следната година.

Тоа е Флоријан Вирц (21), најатрактивниот играч во Бундеслигата веќе некое време. Трансфермаркт го цени офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен на 110 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вирц го води Баер во сензационална сезона, во која ја освои титулата во Германија и го чека финалето на купот и Лигата на Европа.

Хозе Феликс Дијаз, инсајдерот на Марка во Реал, пишува: „Реал е се поблиску до потписот на Флоријан Вирц и има доволно време да ја заврши работата што ја започна. Ќе се обидат да го доведат на ист начин како што ги доведоа Чуамени, Камавинга и Белингем. “

Лука Модриќ го носи бројот 10 во Реал. Беше најавено дека ќе си замине и дека тој број ќе му го земе Килијан Мбапе. Сепак, последните вести од Шпанија велат дека Модриќ е блиску до останување уште една сезона, па неговиот престижен број во летото 2025 година би можел да го наследи германскиот феномен, кој исто така ја носи десетката во Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…