Реал Мадрид не може да ја израмни понудата на Пари Сент Жермен за капитенот Серхио Рамос, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Серхио Рамос е спремен да ја прифати понудата на „светците“ и на лето да се пресели во Париз.
Договорот на капитенот истекува на крајот на сезоната и се уште не може да најде заеднички јазик со „кралскиот“ клуб за продолжување на соработката.
Таквата ситуација саката да ја искористат во Париз, од каде испратиле најдобра понуда до Серхио Рамос.
Рамос наскоро ќе наполни 35 години и од Реал му нудат едногодишен договор со опција за уште една година, со 10% пониска плата од актуелните 15 милиони евра.
ПСЖ пак му нуди 3-годишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона плус бонуси.