Дома Фудбал Реал Мадрид ќе игра директно во финалето на Светското клупско првенство

Реал Мадрид ќе игра директно во финалето на Светското клупско првенство

Првото издание на новиот Меѓуконтинентален куп на ФИФА за клубови од цел свет ќе вклучува пет натпревари, при што победникот на Лига на шампионите, Реал Мадрид, ќе игра директно во финалето на 18 декември во Доха, објави ФИФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Борбата за светската круна ќе почне задутре кога ќе се сретнат шампионите на Азија и Австралија – Ал Аин и Оукленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра со египетскиот Ал Ахли, најдобриот тим во Африка, а на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес кој е во тек.

Четирите најдобри екипи ќе пристигнат во Катар каде победниците од овие два дуели најпрво ќе играат на 14 декември, а победникот од нивниот дуел четири дена подоцна ќе се бори против Реал Мадрид за пехарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид со последниот чекор пред да го претстави Мурињо

Набргу по веста за неуспешната понуда за Хулијан Алварес, од Реал Мадрид информираа дека о…