Дома Фудбал Англија Реал Мадрид спрема 100 милиони фунти за големо засилување

Реал Мадрид спрема 100 милиони фунти за големо засилување

Според пишувањата на The Independent, Реал Мадрид конечно одлучи да донесе голема ѕвезда откако остана без Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прв на листата на желби е Кристијан Ериксен, одличниот фудбалер на Тотенхем за кој Реал спрема понуда вредна 100 милиони фунти.

Ериксен има 26 години и договор со Спарси до 2020. година, а моментално во тек се преговори околу продолжување на соработката. Доколку тој договор не се постигне, Реал би имале отворен пат спрема Данецот, кој за Тотенхем игра од 2013. година кога стигна од Ајакс.

Постои опција Реал за Ериксен да го понуди Иско плус пари, но прашање е дали тоа ќе го прифатат Спарси.

Кристијан Ериксен оваа сезона за Тотенхем одигра 18 натпревари во ПЛ и има учинок од четири гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…