Дома Топ вести Реал Мадрид на радарот има четворица „граѓани“

Реал Мадрид на радарот има четворица „граѓани“

Раководството на Реал Мадрид си „бендиса“ четворица фудбалери од редовите на англискиот шампион и сака да ги донесе во своите редови.

Реал на лето ќе прави реконструкција на тимот, па на радарот имаат четворица фудбалери на Манчестер Сити, и тоа: Лерој Сане, Кевин де Брујн, Рахим Стерлинг и Џон Стоунс.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, Сити е спремен на се за да ги задржи своите најдобри фудбалери, па тешко е да се поверува дека Реал ќе успее да доведе некој од споменатите фудбалери.

Извори од Шпанија пренесуваат дека Реал е спремен да плати 70 милиони фунти за Лерој Сане, кој неодамна беше избран за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата.

Де Брујн е уште еден играч кој се поврзува со Реал и за него „кралевите“ се спремни да платат 150 милиони евра.

Меѓутоа, „граѓаните“ веќе имаат спремен одговор на сите понуди и не ни помислуваат да се разделат со своите ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…