Дома Топ вести Реал Мадрид има нов напаѓач – минатата сезона постигна 24 гола!

Реал Мадрид има нов напаѓач – минатата сезона постигна 24 гола!

0
de tomas

Самиот фудбалер потврди дека од наредната сезона ќе биде член на Реал Мадрид.

Раул Де Томас од наредната сезона ќе биде на располгање на Хуан Лопетеги.

Овој 23 годишен фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во Рајо Ваљекано, а сега самиот потврди дека од наредната сезона ќе биде дел од првиот тим на европскиот шампион.

Де Томас во сезоната која заврши беше еден од најдобрите поединци на Рајо во која овој клуб успеа да се врати елитниот ранг. Тој беше стрелец на 24 погодоци.


Следете го Sportski.mk и на


Неговиот учинок не помина незабележано, па доби договор со Реал Мадрид на пет години.

„Сите ние имаме соништа. Мојот започна кога имав осум години и кога се придружив на овој клуб. Знаев дека секој чекор кој го правев ќе ме одведе до остварување на мојот сон, а тоа е да бидам играч на Реал Мадрид. Уште пет години во клубот на мојот живот. Ви благодарам и Хала Мадрид“, изјави Де Томас.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На Кејхил му е преку глава – го напушта Челзи

Гери Кејхил е седум години на „Стенфорд Бриџ“, а после заминувањето на Џон Тери тој ја пре…