Дома Топ вести Реал Мадрид го „краде“ Рудигер од Челзи

Реал Мадрид го „краде“ Рудигер од Челзи

Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.

„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат Реал Мадрид, Тотенхем, Баерн Минхен и ПСЖ, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.

Шпански „АС“ тврди дека Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …