Дома Фудбал Останато „Реал Мадрид бира помеѓу БМВ и Ферари“…Според овој човек „кралевите“ во понеделник добиваат нов тренер!

„Реал Мадрид бира помеѓу БМВ и Ферари“…Според овој човек „кралевите“ во понеделник добиваат нов тренер!

perez

Oд Италија пристигнуваат информации дека Реал Мадрид веќе одлучил!

Имено, Маурицио Сари наводно е ставен на чекање.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реал Мадрид во наредните два дена ќе се обиде да го убеди Маурисио Покетино, а доколку не успее нов тренер на „кралевите“ би бил Маурицио Сари, барем според зборовите на Салваторе Гаритана.

Според тврдењето на посредниот Гаритано, Реал ќе чека уште два дена, а потоа ќе тргне по Сари. Ќе мораат да разговараат со Де Лаурентис, како и самиот тренер кој има уште една година договор кој го врзува со Наполи (иако веќе не е тренер).

Клазулата за Реал немаше да биде проблем, но таа истече на 1 јуни овој месец и сега се е во рацете на претседателот на Наполи.

„Разговарав со директорите на Реал, јасно е дека ако не дојде Покетино, Сари ќе биде тренер на Реал. Двете решениа се одлични, како да бираш помеѓу БМВ и Ферари. Наполи и Реал имаат добри односи уште од Игуаин и Раул Албиол, па би можел да кажам дека 70% нов тренер на Реал наредната година ќе биде Маурицио Сари“,изјави посредниот Гаритано.

Оваа негова изјава брзо се рашири во светските медиуми, останува да почекаме да видиме дали навистина и ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…