Дома Топ вести Реал го чека неговиот првенец, а Јовиќ едвај ја допира топката!

Реал го чека неговиот првенец, а Јовиќ едвај ја допира топката!

Реал Мадрид вчера во 9-тото коло од Ла Лига изгуби на гости од Мајорка со 1:0 и така првото место и го препушти на Барселона.

Тимот на Зидан одигра очаен натпревар, а еден од најлошите на теренот беше Лука Јовиќ кој од игра излезе во 66-тата минута без никаков учинок. Тоа му беше само трет натпревар кој го започна во стартниот тим на Реал од кога летото дојде за 60 милиони евра, но навивачите се уште го чекаат неговиот прв гол.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Зидан многу повеќе од статистиката на Јовиќ може да го загрижува неговиот говор на тело на теренот. Јовиќ против Мајорка топката ја допре само 25 пати и ниту еднаш во близина на противничкиот гол. Не се нуди, не бара простор, не влегува во шанса – целосно е безопасен. Приликите кои му ги даде Зидан воопшто не ги искористи. Времето поминува, а кај него нема никаков напредок“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…