Дома Фудбал Реал го тужи Интер, но Модриќ сведочи против „кралевите“

Реал го тужи Интер, но Модриќ сведочи против „кралевите“

Претходните недели на големо се шпекулираше дека Лука Модриќ може да направи трансфер во Интер и кариерата да ја продолжи на „Џузепе Меаца“.

Интер беше во контакт со агентите на хрватскиот репрезентативец и му понуди поголема плата, па сакаше да изнуди Модриќ сам да побара трансфер.

Меѓутоа, Реал не сакаше да го продаде еден од најважните фудбалери во тимот, па спреми жалби против Интер и го пријави во ФИФА дека без дозвола ги контактираше агентите на играчот. Интер веднаш демантираше дека го контактирал Модриќ, а медиумите денес откриваат други детали.

Наводно, ФИФА го контактирала Модриќ после жалбата на Реал Мадрид, а Хрватот признал дека всушност тој и неговите агенти први го контактирале Интер. Модриќ открил дека прво разговарал со соиграчите од репрезентацијата, а откако покажал интерес да се пресели во Милано преку своите агенти тој го контактирал италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…