Дома Фудбал Реал го наградува Винисиус со тројно поголема плата

Реал го наградува Винисиус со тројно поголема плата

Винисиус Јуниор оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Тој има договор со Реал до јуни 2024 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие плата од 10 милиони евра по сезона.

Бразилецот ќе се обврзе на верност до „кралевите“ до 2028 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Се поизвесно е доаѓањето на Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“, кој ќе биде најплатен во тимот, па Реал сака да го награди Винисиус за добрите партии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лопетеги може да се врати во Премиер лигата

Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата. Имено, Вест…