Дома Фудбал Реал го загуби трпението, му постави ултиматум на Рамос

Реал го загуби трпението, му постави ултиматум на Рамос

Сагата околу иднината на Серхио Рамос мора да заврши до крајот на месецот, одлучија од Реал Мадрид.

Се чини дека претседателот Флорентино Перез го загубил трпението и му поставил ултиматум на капитенот да донесе одлука.

Рамос на маса има понуда за продолжување на договорот, а „Марка“ пренесува дека краен рок за потпис е крајот на месец март.

Изминатите денови двете страни имаа неколку состаноци, а последната понуда на Реал е договор на една година со опција за уште една година.

Реал сака да има јасен одговор што побрзо за да знае како да делува на трансфер пазарот и да има време да ангажира нов стопер идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…