Дома Фудбал Реал во „нефер“ позиција: Барса ќе има 29 часа одмор повеќе пред Ел Класико

Реал во „нефер“ позиција: Барса ќе има 29 часа одмор повеќе пред Ел Класико

Големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид од 10-то коло на Примера ќе се одигра на 18 декември во 20 часот, објавија денес од Федерацијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот првично требаше да се одигра на крајот на минатиот месец, но поради протестите во Каталонија беше одложен, а потоа преместен за 18-ти декември.

Големата промена е што мечот првично беше закажан во непопуларен термин од 13 часот, поради гладачите во Азија и САД, но сега терминот е преместен во 20 часот.

Меѓутоа веднаш откако беа објавени сатниците настана проблем, па од „кралскиот“ клуб се бунат дека ќе имаат помалку време за одмор.

Проблем се натпреварите од 17-та коло, кога Барселона ќе гостува на Аноета, а Реал на Местаља. „Каталонците“ ќе играат против Реал Сосиедад на 14-ти декември во 16 часот, а „кралевите“ ќе играат против Валенсија на 15-ти декември во 21 часот.

Тоа значи дека Барселона ќе има цели 29 часа повеќе за одмор пред „Ел Класико“, што мадридските медиуми веднаш потенцираа дека Реал е ставен во „нефер“ позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…