Дома Топ вести Реал во Италија го пронајде наследникот на Модриќ

Реал во Италија го пронајде наследникот на Модриќ

Кога Наполи минатото лето од Бетис го доведе Фабиан Руиз, веројатно не можеше да претпостави каква зделка направи.

Младиот 23-годишен играч за врска од тогаш игра одлично, а поради тоа се најде на мета на Реал Мадрид и Барселона, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучил во трката.

Двата шпански клуба веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а Реал Мадрид во Фабиан Руиз гледа идеаен наследник на Лука Модриќ.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, Наполи никако не сака да се откаже од својата ѕвезда и за неговиот потпис бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар со супер финиш до пресврт и победа со Елверум!

Вардар конечно ја прекина кризата во Лигата на шампионите и денес во Скопје беше победен Е…