Дома Фудбал Реакцијата на Лапорта кога ги виде Германците на „Ноу Камп“ 🎥

Реакцијата на Лапорта кога ги виде Германците на „Ноу Камп“ 🎥

Германската инвазија на „Ноу Камп“ во реваншот помеѓу Барселона и Франкфурт овие денови е една од главните теми во фудбалскиот свет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На стадионот на Барселона од вкупно 79.000 навивачи имаше дури 30.000 фанови на германскиот тим. Такво нешто според правилата е невозможно затоа што УЕФА доделува 5.000 влезници за гостинскиот тим за европските натпреварувања.

Изненадени од ситуацијата на стадионот беа и Чави и Лапорта. Објавено беше дека клубот ќе биде во потрага по навивачите кои ги препродавале билетите. „Мундо Депортиво“ сега објави и видео од моментот кога Лапорта забележува дека на стадионот има многу повеќе Германци отколку што треба. Очигледно е дека првиот човек на Барселона беше изненаден.

Видеото можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …