Дома Фудбал Лига на шампиони Реакцијата на Де Јонг кога виде дека Ајакс испадна од ЛШ (ВИДЕО)

Реакцијата на Де Јонг кога виде дека Ајакс испадна од ЛШ (ВИДЕО)

Mинатата сезона беа вистински хит во Лигата на шампионите и стигнаа до полуфиналето, беа и на чекор од финалето, но оваа сезона Ајакс настапот во најелитното европско натпреварување го заврши во групната фаза.

Eден од најважните играчи на Ајакс во минатата сезона беше Френки Де Јонг кој ова лето премина во Барселона.

Aјакс вчера имаше се во свои раце и против Валенсија им беше потребен бод, но шпанскиот тим вчера во Холандија ги победи со 0:1 и така ги елиминираше.

Истовремено Де Јонг со Барселона играше против Интер. Каталонците во натпревар во кој за нив немаше резултатско значење играа со комбиниран состав, а Де Јонг ги одигра последните 20-тина минути од натпреварот.

Кога натпреварот заврши додека другите си честитаа Де Јонг гледаше кон семафорот за да ги дознае другите резултати. Кога го виде резултатот на натпреварот од Ајакс тој само ја спушти главата.

Неговата реакција е најдобар доказ колку го сака холандскиот клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кариус, Кариус – до кога!?! (ВИДЕО)

Лорис Кариус веќе втора сезона настапува за Бешикташ како позајмен фудбалер, но и таму про…