Дома Трансфер зона Рашфорд се повреди, Јунајтед експресно најде замена

Рашфорд се повреди, Јунајтед експресно најде замена

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд поради повреда на грбот најверојатно ќе биде надвор од терените во следните три месеци.

Поради тоа Манчестер Јунајтед експресно ќе се активира на трансфер пазарот и сака до крајот на преодниот рок да донесе најмалку еден напаѓач на „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „црвените ѓаволи“ е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

23-годишниот Французин веќе подолго време е мета на Јунајтед, оваа сезона игра одлично, па „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Во тековната сезона Дембеле одигра 19 натпревари во Лига 1, на кои постигна 11 гола и запиша 4 асистенции, па несомнено ќе биде големо засилување за Солскјер.

Прашање е само дали Лион ќе се согласи да го продаде на средина од сезоната и дали 50 милиони евра ќе бидат доволни за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Oфицијално: Манчестер Сити го потврди засилувањето од 68 милиони евра

Како и што се најавуваше Манчестер Сити вчера го потврди трансферот на 23 годишниот Рубен …