Дома Фудбал Рафиња: Знаев дека Барселона сакаше да ме продаде

Рафиња: Знаев дека Барселона сакаше да ме продаде

Бразилецот Рафиња блеска оваа сезона во дресот на Барселона и после доаѓањето на Флик е еден од најдобрите поединци на тимот.

Барселона во неколку наврати се обиде да го продаде и да се ослободи од него, бидејќи во изминатите две сезони Рафиња играше под сите очекувања.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Знаев дека клубот сака да ме продаде. Посебно во првите шест месеци, пред Светското првенство. Исто така почувствував и во други преодни рокови. Секогаш велеа на еден или на друг начин дека не сум доволно добар, дека треба да ме продадат“, вели Рафиња.

Рафиња вели дека под водство на Чави знаел дека нема да ги одигра натпреварите до крај.

„Со Чави, знаев дека што и да направам, ќе бев изваден од игра во 60-та минута. Ова не е критика за него, но е интересно бидејќи секогаш се случуваше“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…