Манчестер Јунајтед изненадувачки се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
28-годишниот дефанзивец има договор со Челзи до крајот на сезоната, но преговорите се во застој бидејќи свете страни не можат да најдат заеднички јазик за нов договор.




Поради тоа неколку европски гиганти како Реал Мадрид и ПСЖ веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а сега во трката за приклучи и Манчестер Јунајтед.




Имено, Ралф Рангник има одличен однос со агентот и братот на Рудигер, па сака да го искористи тоа за да ја победи конкуренцијата.




Рангник сака да ја засили одбраната и верува дека Германецот би бил идеално засилување.