Дома Фудбал Рамос преферира да остане во Реал, наскоро состанок со Перез

Рамос преферира да остане во Реал, наскоро состанок со Перез

Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос.

 „Марка“ ексклузивно пренесува дека Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите со надеж дека сепак ќе најдат заеднички јазик.

Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент.

Меѓутоа, добро информираната „Марка“ тврди дека капитенот му дава предност на Реал и дека преферира да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Наводно капитенот е спремен да прифати помала плата, но бара договор на две години, па двете страни би можеле наскоро да најдат решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…