Дома Фудбал Репрезентации Рамос после пласманот на ЕП со емотивна посвета: Ова е за тебе! (ФОТО)

Рамос после пласманот на ЕП со емотивна посвета: Ова е за тебе! (ФОТО)

Шпанија со голот на Родриго Морено во 92-та минута се спаси од пораз во Шведска одигрувајќи 1:1.

Со овој бод Шпанците се пласираа на Европското првенство. Натпреварот против Шведска поради повреда го пропушти Серхио Рамос. И покрај тоа што не настапи, Рамос патуваше со составот на Шпанија.

После очекуваниот пласман на ЕП ѕвездата на Рела објави емотивна посвета на Инстаграм.

„Ова е за тебе Луис Енрике“, стои на сторито на Рамос.

Инаку, поранешниот шпански селектор Луис Енрике објави дека неговата 9 годишна ќерка Хана ја изгубила тешката битка со ракот на 29-ти август.

Енрике прво ја напушти репрезентацијата на Шпанија пред натпреварот со Малта, а после одредено време објави дека повеќе нема да може да ја води „Фуријата“ поради семејни причини.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гоче може и со десна: Гол на Пандев против Удинезе! (ВИДЕО)

Денес својот натпревар од Серија А го играат Удинезе и Џенова. Македонскиот капитен Горан …