Дома Фудбал Репрезентации Рамос испишува историја во репрезентативниот фудбал

Рамос испишува историја во репрезентативниот фудбал

Eден од најдобрите и најтрофејни дефанзивци во историјата со настапот за Шпанија против Фарски Острови во квалификациите за ЕП оствари неколку подвизи за аналите на шпанскиот, европскиот и светскиот фудбал.

За Рамос (33) ова беше 167-ми настап за репрезентацијата на Шпанија. Така влезе помеѓу 10-те играчи со најмногу натпревари за националниот тим и го изедначи рекордот на Икер Касиљас кога во прашање се натпреварите за „Црвената Фурија“. Покрај тоа тој го стигна и Виталија Атадјевс која има најмногу настапи од Европјаните кога станува збор за играчите во поле.

Со овој настап на Рамос му недостасуваат само девет натпревари за да дојде до вкупниот европски рекордер, Џиџи Буфон, додека за изедначување со светскиот рекордер, Ахмед Хасан потребни му се 17 натпревари.

Доколку со Фарски Острови постигнеше гол Рамос ќе се изедначеше со Аргентинецот Даниел Пасарело како дефанзивец со најмногу голови во репрезентацијата (22).

Сепак тој рекорд не би требало да биде проблем затоа што Рамос има 21 гол, а дури осум од нив постигна после СП минатата година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Конте: Барса ќе игра без притисок, а тоа може да ни создаде проблеми

Тренерот на Интер, Антонио Конте е полн со респект за тимот на Барселона пред утрешниот ду…