Дома Топ вести Рамос донесе конечна одлука: Познат новиот клуб

Рамос донесе конечна одлука: Познат новиот клуб

Сагата околу продолжувањето на договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид трае веќе неколку месеци, а се чини дека наскоро ќе има конечен епилог.

Работите околку продолжувањето на договорот не одат во добра насока, бидејќи Реал не сака да му понуди двегодишен договор со истата плата која ја заработува во моментов.

Од друга страна Рамос има понуди од неколку европски гиганти, а шпанските медиуми тврдат дека донел конечна одлука.

Наводно Рамос е спремен да ја прифати понудата на Пари Сент Жермен, кој му нуди двегодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.

„Марка“ тврди дека тешко работите можат да се променат во следните месеци, па во моментов Рамос е многу блиску до преселба во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид спрема понуда за Салах

Мохамед Салах во последно време констатно се поврзува со заминување од Ливерпул. Египќанец…