Дома Трансфер зона Рамос добил понуда која тешко се одбива?

Рамос добил понуда која тешко се одбива?

После долги 16 години би можело да дојде до разделба помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос.

Серхио Рамос летото 2005 година од Севиља пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Се останато е историја…

Шпанецот во дресот на „кралевите“ освои пет шампионски титули на Шпанија, чеитир во Лигата на шампионите, четири Суперкупа, на Шпанија, четири Светски клупски првенства, три УЕФА Суперкупа и два Кралски купа.

Одигра 668 натпревари за Реал и постигна точно 100 голови што за еден стопер не е мала бројка.

Сега во медиумите веќе некое време се пишува за можен крај на соработката на овие две страни на крајот од сезоната. Последната информација која засега е во рамките на шпекулација од страна на шпанските и француските медиуми гласи дека Рамос од ПСЖ добил понуда за договор вреден 45 милиони евра, односно три години по 15 милиони евра.

Останува да се види како Рамос ќе реагира ако навистиан постои ваква понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус започна преговори со Депај

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден …