Дома Фудбал Лига на шампиони Рамзи за украдениот гол од Роналдо: Извини Кристиано…(ВИДЕО)

Рамзи за украдениот гол од Роналдо: Извини Кристиано…(ВИДЕО)

Арон Рамзи денес му се извини на Кристиано Роналдо за „украдениот“ гол против Локомотив во Лигата на шампионите.

Јувентус гостуваше кај Локомотив Москва и до водство стигна уште во третата минута од натпреварот. Кристиано Роналдо изведе слободен удар, а голманот на домаќините направи голема грешка и топката му помина низ нозете, а истата од гол линијата во мрежата ја испрати Рамзи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


На почетокот изгледаше дека е нов гол за Роналдо во ова натпреварување, меѓутоа подоцна потврдено е дека стрелецот бил Рамзи кој во последен момент играл со топката.

Денес тој испрати извинување до својот соиграчи.

„Му се извинувам на Кристиано. Имав чуство дека голманот е блиску и дека може да ја стигне топката. Инстиктивно реагирав за да бидам сигурен дека топката ќе ја помине гол линијата“, изјави Рамзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…