Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометар на Бутел претепан во Скопје, се бори за живот!

Ракометар на Бутел претепан во Скопје, се бори за живот!

Хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра за Бутел бил претепан во Скопје и се бори за својот живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тот бил примен во средата во утринските часови со тешки повреди на целото тело, а ситуацијата му е критична и се бори за живот.  Се уште не е познато што се случи. Засега МВР не се огласила за овој случај.

Хрватски „Вечерњи“ контактирал со неговиот брат Борис кој игра во Холандија и тој ја потврди веста.

„Родителите се на пат за Скопје, но немаме се уште премногу информации за тоа што се случило“, изјавил неговиот брат.

Според информациите Тот се здобил со повеќе скршеници и бројни други повреди кои настанале откако бил удиран со тупаници, нозе и разни предмети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…