Дома Фудбал Англија Раководството на Сити ги повика играчите на вонреден состанок

Раководството на Сити ги повика играчите на вонреден состанок

Раководството на Манчестер Сити се сретна со играчите и стручниот штаб за да им ја објасни ситуацијата после казната од УЕФА.

Пред два дена УЕФА му изрече казна на Манчестер Сити и го суспендираше на две години од Лигата на шампиони, притоа клубот треба да плати казна од 30 милиони евра поради нарушување на правилата за Финансиски фер-плеј.

Медиумите на Островот пренесуваат дека со играчите разговарал извршниот директор Феран Сориано кој објаснил дека Сити ќе се бори до последно за да ја поништи казната.

Сотиано открил дека од Сити располагаат со неоспорни докази за сојата невиност во целиот случај. Не средбата присуствувал и менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола.

После исфрлањето на клубот од европските купови во медиумите се појави информација дека Манчестер Сити може да биде исфрлен и во четвртата лига, а и да му биде одземена титулата од 2014 година поради финансиски неправилности.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…