Дома Фудбал Италија Раиола сака ниска откупна клаузула во договорот на Донарума

Раиола сака ниска откупна клаузула во договорот на Донарума

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.

„Скај Италија“ пренесува дека Мино Раиола следната недела ќе допатува во Милано и ќе има средба со раководството на „росонерите“.

Милан со новиот договор спрема значително зголемување на платата и ќе го направи Донарума најплатен играч во тимот со 8 милиони евра по сезона.

Проблем во преговорите е што Раиола инсистира во договорот да биде ставена откупна клаузула и тоа од 30 милиони евра.

Милан не се согласува со тоа и е спремен да стави откупна клаузула, но не пониска од 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Шведска започна силно на Светското првенство и на натпреварот од првото коло во групата Ф,…