Дома Фудбал Раиола жали што Де Лихт не завршил во Баерн Минхен

Раиола жали што Де Лихт не завршил во Баерн Минхен

Дефанзивецот Матијас де Лихт бил многу блиску до трансфер во Баен Минхен пред да потпише за „старата дама“, откри неговиот агент Мино Раиола.

Раиола од оваа перспектива призна дека жали што Холанѓанецот не завршил на „Алијанц Арена“ во Минхен.

„Водевме преговори со Баерн Минхен и трансферот беше пред реализација, недостигнаа само мали детали. Жалам што трансферот не се реализираше“, изјави Раиола.

Во 2019 година Де Лихт беше еден од најбараните фудбалери во Европа и на крајот заврши во Јувентус за 75 милиони евра.

Меѓутоа, Холанѓанецот не ги оправда во целост очекувањата во Торино, па на лето би можел да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест месеци чекаше за една минута: Прпиќ повторно доби шанса во Порто

Доминик Прпиќ влезе во финишот на победата над Виторија Гимараеш, со која Порто го продолж…