Дома Топ вести Раиола го вклучи „алармот“ – Верати остана во ПСЖ, но не за долго?

Раиола го вклучи „алармот“ – Верати остана во ПСЖ, но не за долго?

Суперагентот Мино Раиола иако преодниот рок заврши одлучи денес да биде во центарот на фудбалската јавноста и изгледа дека тоа му успева.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола претходно утрово зборуваше за иднината на ѕвездата на Јувентус, Паоло Дибала иако тој не е негов агент. Италијанецот одлучи овој ден да биде негов, па така ја прокоментира и иднината на еден од неговите најголеми клиенти, Марко Верати.

Италијанецот ова лето често се поврзуваше со Барселона, но на крајот сепак остана во ПСЖ, каде што клубот од Париз во амбициозен проект ги доведе Нејмар и Мбапе и најави напад на Лигата на шампионите.

„Верати ќе остане во ПСЖ, но не знам што ќе се случи потоа. Јас не сум волшебник, одиме чекор по чекор“, изјави Раиола.

Овие зборови на Раиола даваат надеж на Барселона, но и Манчестер Јунајтед дека веќе следното лето би можеле да отворат сериозни преговори за доведување на Марко Верати.

Барса во Верати гледа долгорочна замена за Иниеста, додека Манчестер Јунајтед познато е дека секогаш е во игра кога во прашање се клиентите на Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…