Еден од најпопуларните клубови во светот, Барселона се одлучи на радикална одлука да ја затвори клупската телевизија после цели 24 години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Официјално Барса ТВ ќе престане да се емитува во етерот на 30 јуни, кога истекува договорот со „Мовистар Телевисион“.
Поради затварањето на телевизијата без работа ќе останат околу 150 луѓе, а со тоа клубот ќе ги намали трошоците.
„ФК Барселона го предупреди добавувачот „Телефоника“ дека клубот нема да го продолжи договорот кој истекува на 30-ти јуни“, објави Барселона во своето соопштение.
Телевизискиот канал на Барселона почна да се емитува во јули 1999 година кога претседател на клубот беше Хосеп Луис Нуњез.