Дома Фудбал Англија Рагник објасни зошто го заменил Роналдо и како Португалецот реагирал

Рагник објасни зошто го заменил Роналдо и како Португалецот реагирал

Кристијано Роналдо никогаш не е среќен кога ќе биде заменет, така беше и вчера кога Рагник го замени во 71. минута од натпреварот.

На прес-конференцијата после натпреварот Рагник секако доби прашање за таа ситуација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мораше да одлучам во интерес на тимот. Разбирам дека Роналдо е амбициозен, но верувам дека ако во иднина биде тренер и тој би донел иста одлука во таква ситуација после 75 минути игра. Роналдо се врати од повреда, не играше повеќе од една недела. На клупата имавме играчи како Рашфорд и Марсијал па зошто да ризикуваме?“.

„Роналдо беше подготвен и одлучивме да игра од стартот, сега повторно би ја донел истата одлука. Најважна беше победата“, изјави Рагник.

На прашањето кои биле зборовите на Роналдо по замената Рагник одговори дека Португалецот му рекол: „Зошто јас? Зошто ме извади?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…