Дома Фудбал Раванели: Играњето на „Вембли“ за Италија може да биде предност

Раванели: Играњето на „Вембли“ за Италија може да биде предност

Пензионираниот италијански напаѓач и легенда на Јувентус, Фабрицио Раванели за „Ил Матино“ го најави финалето на Европското првенство кое во недела ќе го играат Италија и Англија.

„Очекувам напнат натпревар, екипите се респектираат една со друга и затоа би можело да има малку голови, но тактичката борба сигурно ќе биде интересна“.

Смета дека играњето на „Вембли“ може дури и да биде предност за Италија.

„Играњето на „Вембли“ всушност може да биде предност за нас. Имаме искуни играчи како Бонучи и Киелини, додека таквата атмосфера на Англичаните може да им создава притисок“, изјави Раванели.
Финалето е закажано за во недела во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…