Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички и Тиквеш ќе играат на ФФМ, Арената ќе се чува за Бугарија

Работнички и Тиквеш ќе играат на ФФМ, Арената ќе се чува за Бугарија

Работнички во претстојното коло ќе биде домаќин на Тиквеш на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.

Мечот е закажан за в недела, со почеток од 16 часот, како дел од четвртото коло во Првата фудбалска лига.

Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски (Гостивар) и Александар Ѓорѓески (Тетово). Четврти судија е Благојче Ралевски (Битола).

За делегат на натпреварот е одреден Тони Донев (Валандово), а контролор на судењето ќе биде Зоран Николовски (Скопје).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …