Дома Трансфер зона Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

0

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио ова лето потпиша за Јувентус каде што пристигна како слободен играч.

Рабио минатата сезона речиси воопшто не играше за ПСЖ откако што одби да го продолжи договорот. Французинот се поврзуваше најмногу со Барселона, но на крајот заврши во Јувентус.

Меѓутоа, од доаѓањето во Старата дама овој играч за врска одигра само 27 минути во Серија А и покажа незадоволство поради тоа. Италијанските медиуми пренесуваат дека Рабио е многу незадоволен и дека размислува на зима да го напушти Јуве доколку не ја добие задоволителната минутажа.

На неговата позиција игра Блез Матуиди, а и самиот Сари изјави дека Рабио едноставно има жестока конкуренција и дека на него едноставно му останува да се избори за место во првиот тим. Сари во досегашниот дел до сезоната во средниот ред најмногу ги користеше Пјаниќ, Матуиди и Кедира.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Партичи ги откри плановите на Јувентус и порача: Роналдо не оди никаде барем до 2021

Јувентус уште пред да започне јануарскиот преоден рок се поврзуваше со неколку фудбалери. …