Дома Фудбал Пјаниќ наскоро ќе го продолжи договорот со Јуве?

Пјаниќ наскоро ќе го продолжи договорот со Јуве?

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ наскоро би требало да го продолжи договорот со Јувентус.

Популарниот Принц во редовите на Старата дама пристигна во летото 2016. година за трансфер вреден 32. милиони евра, а за брзо време стана еден од најважните играчи во составот на Јувентус.

Тој потпиша петгодишен договор кој истекува во 2021. година, но без разлика на тоа Јувентус сака да го обнови истиот. Како што пренесува порталот Кориере ди Торино, Пјаниќ се смета како срцето на проектот во Јувентус и до договор меѓу двете страни би требало да дојде многу брзо.

Истиот извор пренесува дека Пјаниќ во новиот договор ќе добие и поголеми примања. Да потсетиме, според моменталниот договор има плата од 4,5 милиони евра.

Малиот принц оваа сезона одигра 20 натпревари и постигна четири погодоци и запиша осум асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…