Дома Останати Тенис „Пуштате илегално мигранти, а Ѓоковиќ не смее да игра на УС Опен“

„Пуштате илегално мигранти, а Ѓоковиќ не смее да игра на УС Опен“

Членот на сенатот на сојузната држава Тексас, Дру Спрингер го повика претседателот на САД, Џо Бајден да реагира и да му дозволи влез во земјата на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ засега не може да учествува на УС Опен бидејќи не му е дозволено да влезе во земјата поради тоа што е невакциниран.

Невакцинираните лица во моментов не смеат да влезат во САД, но како се ближи почетокот на УС Опен, така темата станува се „пожешка“.

„Бајден му забранува на Ѓоковиќ влез во САД за да се натпреварува на Ју-Ес опен, а им дозволува на милиони невакцинирани илегални мигранти да влезат во државата. Еј, Џо! Што велиш на уште еден невакциниран?“, напиша политичарот на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Монфис се збогуваше со грен-слем кариерата и сега ќе работ инешто сосема друго

Познатиот француски тенисер Гаел Монфис (40) ја заврши својата богата Гренд Слем кариера п…