Италијанскиот гигант Милан потпиша спонзорски договор со „Пума“, а италијанските медиуми пренесуваат дека германската компанија може да донесе еден свој ексклузивец на „Сан Сиро“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс кој е заштитно лице на „Пума“ и кој би можел од следната сезона да го облече дресот на Милан.
28-годишниот Ројс конечно се опорави од повредата и се врати во тимот, но одбива да го продолжи договорот со „милионерите“ бидејќи сака да ја промени средината.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол позиција за неговиот потпис, токму поради спонзорскиот договор со „Пума“.
Моменталната вредност на Ројс изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра, сума која „росонерите“ се спремни да ја платат.