Дома Трансфер зона Пулишиќ бара разговор со Тухел, сака да си оди од Челзи

Пулишиќ бара разговор со Тухел, сака да си оди од Челзи

Кристиан Пулишиќ не е задоволен од ситуацијата во Челзи и од работата на тренерот Томас Тухел, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот офанзивен фудбалер не е стартер во тимот на Тухел и не е задоволен од својата улога во тимот.

Поради тоа побарал состанок со тренерот пред да донесе конечна одлука за својата иднина.

Англиските медиуми пренесуваат дека Пулишиќ најверојатно ќе побара трансфер и сака да ја промени средината ова лето.

Интерес за него покажуваат Баерн Минхен, Милан и Јувентус, а неговиот договор со Челзи истекува во 2024 година.

Сепак, медиумите тврдат дека голема е веројатноста Пулишиќ ова лето да го напушти Челзи, а неговата вредност во моментов се проценува на 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…