Дома Луд Спорт Пукна љубовта: Пике и Шакира се разведуваат!

Пукна љубовта: Пике и Шакира се разведуваат!

Како гром од ведро небо одекна веста која ја објавија шпанските медиуми, дека фудбалерот на Барса Жерар Пике и Шакира наводно се разведуваат после шест години брак.

Гласините за наводен развод почнаа да се шират кога Шакира изненадно откажа неколку настапи, а како оправдување ги надеве личните причини. Потоа фановите констатираа дека тие двајцата веќе подолго време не се појавиле во јавност и дека пејачката повеќе не објавува заеднички слики со сопругот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шакира наводно го повлекла првиот чекор и побарала развор бидејќи дознала дека Пике ја изневерил, меѓутоа другиот дел од јавноста смета дека таа се одлучила на таков чекор бидејќи фудбалерот е премногу љубоморен и сака да и го контролира животот.

11-11pike2

Колку има вистина во овие трачеви ќе видеме наскоро, но сигурно е дека нешто се случува во нивната врска.

Шакира и Пике се запознаа за време на Светското првенство во 2010 година, набрзо стапија во брак и имаат два сина, Милан и Саша.

11-11pike3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…